Почина легенда на југословенската кошарка – соиграч на Наумоски во Југопластика!

Зоран Сретеновиќ, еден од најдобрите плејмејкери во СФР Југославија во последната деценија од минатиот век, почина денеска на 57-годишна возраст од – срцев удар.

Кариерата ја почна во Црвена взезда, по што направи трансфер во Југопластика со која трипати беше европски шампион (1989, 1990 и 1991), каде што му беше главен конкурент за минутажата на нашиот Петар Нуамоски. Потоа играше за Антиб, Бамберг, Партизан и Стал Остров, по што стана тренер и тоа со повеќе од солидна кариера. Од клупата предводеше екипи како Будуќност, Хемофарм, игокеа, Полфарм, Кошалин и Стал Остров.

Беше долгогодишен југословенски репрезентативец со две златни медали од Европските првенства и тоа во 1991 година во Рим и 1995 година во Атина.