Пешиќ се налути: Здодевни сте со прашањата за Јокиќ!

Српскиот селектор Светислав Пешиќ даде интервју за „Вечерњи новости“, каде што зборуваше за настапот на Олимписките игри (ОИ).

Пешиќ доби прашање дали дел од екипата ќе биде и ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, но тоа го налути селекторот.

„Најмногу ве интересира дали Јокиќ ќе игра. Здодевни сте со прашањата. Важно е да игра, но за да правиш планови мора да имаш аргументи. Голем дел од лигите завршуваат во третата недела на јуни, а ако Денвер се пласира во финале, тогаш ќе игра до 20 јуни, додека ние со подготовките почнуваме три дена порано“, кажа Пешиќ.