Пешиќ: Не добивме почит од судиите, се случуваа - чудни работи!
Србија беше на работ да направи сензација, но потклекна во финишот. Селекторот Пешиќ дел од вината за тоа бара и кај судиите.
„Нема многу да зборувам. Горд сум како игравме, особено по натпреварот со Австралија каде од минус 24 дојдовме до победа. Тоа ни зема многу енергија. Ја видовте психолошката сила, да дојдеме до тоа една или две топки да одлучуваат за победа. Им честитам на Американците. Има тука едно правило кое ние во Србија го употребуваме, а тоа е кој губи има право да се лути“, вели Пешиќ.
„Не сум лут, горд сум на тоа што направивме и покрај сите проблеми кои ги имаме. Видовте дека Милутинов два дена имаше температура и одигра така. Исто и Јовиќ, ни се намали ротацијата. Дадоа колку можеа. Ајде да ги опоравиме за Германците и да имаме ротација“.
„Лут сум бидејќи не добивме почит од судиите, не само на овој натпревар. Морам тоа да го кажам бидејќи ако еден од најдобрите играчи на светот за 37 минути шутира само четири слободни фрлања, а секој втор напад ја има топката во раце и ако друг играч со 32 минути шутира само едно слободно фрлање, а секој трет или втор напад ја има топката... Чудни работи се случуваа. Не им ја намалувам победата, им честитам на Американците и им посакувам успех во финалето, но вечерва се случуваа чудни работи. Мирен сум, не сум лут, горд сум и разочаран бидејќи не добивме почит од судиите“.