
Перо Антиќ го облекува дресот на Вардар!
На 11. мај во Бујановац ќе се одржи хуманитарен натпревар на кој главни ѕвезди ќе бидат поранешните кошаркари на Црвена звезда, Перо Антиќ и Игор Ракочевиќ.
Натпреварот ќе биде меѓу ОКК Плеј 017 и Вардар. За домашниот тим ќе игра славниот српски кошаркар Игор Ракочевиќ и неговиот син, додека за Вардар ќе настапи Перо Антиќ со својот син.
Натпреварот е дел од фестивал за мини баскет кој се одржува од 10 до 12 мај со назив „Да ги сочуваме децата“.