Партизан се огласи: Ни беше кажано дека натпреварот ќе се доигра утре
Директорот на Кошаркарската лига Александар Грујин потврди дека натпреварот ќе се регистрира со служебен резултат од 20-0 во корист на Звезда, но од Партизан реагираа со соооштение во кое тврдат дека им било кажано дека натпреварот ќе се игра наредниот ден и затоа си заминале.
„Првиот судија на натпреварот го прекина мечот поради навредите кон Весна Човиќ од страна на публиката и тоа е првпат во историјата на нашата кошарка еден натпревар да се прекине поради вербален конфликт. На последните натпревари навредувани беа: Жељко Обрадовиќ, Зоран Савиќ, Кевин Пантер, Алекса Аврамовиќ, Немања Недови, но средбите не се прекинуваа ниту секудна.
По барањето да се испразни салата, нашата екипа чекаше на теренот додека не добивме информација од службените лица дека натпреварот е прекинат и ќе продолжи во наредните 24 часа. Тогаш кошаркарите се упатија во соблекувалната и беа слободни да си заминат. Бевме изненадени кога играчите на Звезда се појавија на теренот по повеќе од еден час прекин, нашите кошаркари веќе беа дома. Очигледно сакаа на ваков начин да се додели титулата на Звезда, КК Партизан не сака да учествува во ваков скандал“, стои во соопштението од црно-белите.