Потврдено: Службена победа и шампионска титула за Звезда по хаосот во дербито
Победата на Црвена Звезда ќе значи и освојување на титулата во српското првенство од страна на актуелниот шампион во АБА.
Кошаркарите на Звезда вчера се повлекоа во соблекувалната по навредите и фрлањето предмети од трибините. Прекинот на мечот траеше повеќе од еден час па кошаркарите на Партизан ја напуштија и салата.
Во тие моменти кошаркарите на Звезда заедно со официјалните лица се вратија на теренот и часовникот почна да одбројува, но од редовите на Партизан не се појавија на теренот во дадените 15 минути.
Првиот човек на Кошаркарската лига на Србија потврди дека натпреварот ќе се регистрира со победа од 20-0 за Звезда.
„Единствени меродавни се првиот судија и делегатот. Спикерот во салата објави дека натпреварот ќе се игра утре, не знам кој му кажал такво нешто бидејќи цело време бев во контакт со официјалите лица и таква одлука во ниту еден момент немаше. Судиите и делегатот постапија согласно важечките позиции. Натпреварот ќе се регистрира со победа од 20-0, а дополнително ќе се одлучи кога ќе се случи доделувањето на пехарот и медалите“, изјави Грујин.