ПСЖ има луксуз како никој друг: Знаете ли колку минути одигра најдобриот во светот?

Актуелниот освојувач на Златната топка, Осман Дембеле, оваа сезона во француската Лига 1 поминува повеќе време на клупата или во одмор отколку на теренот, а ПСЖ и без него речиси редовно победува.

Според податоците на статистичкиот сервис „FootMob“, Французинот во првите седум кола од француското првенство одиграл 237 минути од можните 630, односно нешто повеќе од една третина.

Натпреварите против Лил и Ле Ман, целосно ги пропушти, а ниту на еден од петте на кои настапил не играл до самиот крај. Против Монако добил 21 минута, против Рен одигра едно полувреме, против Брест 66 минути, а против Марсеј 79 минути.

Најдобро се покажа дека Луис Енрике има привилегија совршено да го користи Дембеле и да му ја дозира минутажата во саботата во Стразбур. Французинот влезе во игра на околу 25 минути пред крајот, кога домаќините водеа, а потоа постигна гол, забележа асистенција и го предводеше пресвртот за победа на ПСЖ од 3-1.

„Ако играш 25 минути, забележиш асистенција и постигнеш гол, не треба да играш повеќе. Тоа е доволно“, изјави по натпреварот тренерот Луис Енрике.

Шпанецот објасни дека мора да внимава на оптоварувањето на секој играч бидејќи, како што рече, ниту Дембеле ниту останатите фудбалери не се машини. Во Лигата на шампионите и во репрезентацијата на Франција, сепак, Дембеле игра значително повеќе. Против Манчестер Сити остана на теренот 76 минути, повторно постигнувајќи гол и запишувајќи асистенција.

Вечерва францускиот гигант го очекува ново дерби во европската елита и тоа против Барселона.