Меси го предводи идеалниот тим на ФИФПро - нема место за најдобриот во светот! (ФОТО)

Познат е идеталниот тим на Здружението на фудбалери, ФИФПро, а најголемото изненадување е што во него го нема Хари Кејн, актуелниот освојувач на „Златна топка“.

Според гласовите на навивачите нападот на тимот го предводат Халанд и Меси, додека по страничните позиции се Мбапе и Ламин Јамал.

Во средниот ред се: Џуд Белингем, Родри и Витиња, додека во одбраната Мендеш, Хакими и освојувачот на наградата „Златно момче“, Пау Кубарси.

На голот е чуварот на мрежата на Арсенал, Давид Раја.