Обрадовиќ им се обрати на навивачите: Некогаш ќе се вратам! (ВИДЕО)

Веќе поранешниот тренер на Партизан, Жељко Обрадовиќ преку 20 минутно видеи им се обрати на навивачите и откри работи за неговиот однос со управата на клубот.

Обрадовиќ им се заблагодари на поддршката на навивачите, но потенцираше дека неговата одлука била конечна уште првиот пат кога ја соопштил.

Легендарниот тренер во видеото зборуваше за неговиот однос со управата на Партизан кои досега не беа познати за јавноста.

Тој уште еднаш ја потенцираше љубовта кон Партизан и рече дека да се работело за друг клуб многу порано би заминал.

Обрадовиќ на навивачите им вети дека некогаш, во некои подобри времиња ќе се врати во клубот, но не знае во која улога.

Целото обраќање на Обрадовиќ можете да го погледнете на видеото: