Македонскиот шампион МЗТ Скопје е сè подалеку од опстанок во АБА-лигата, а тоа го потврди и вечерашниот дебакл против Студентски центар со 85-103 во Подгорица.

Екипата од Аеродром поведе само на почетокот на дуелот (2-0), по што Студентски центар направи пресврт и ја имаше контролата врз натпреварот. МЗТ се бореше и во финишот на првата четвртина намали на два поени негатива (28-30), меѓутоа нивниот ривал потоа со неколку одлични акции стигна до 36-28.

МЗТ се врати на четири поени негатива (32-36) во втората четвртина, но Студентски центар влезе во одличен ритам и почна да го полни кошот на македонскиот тим и на паузата замина со 62-47.

Предноста на Студентски центар во третата четвртина стигна до +25 (83-58), кога стана јасно дека МЗТ нема што да бара повеќе во натпреварот и до крајот се обиде да избегне убедлив пораз.

Кошаркарите на МЗТ се мачеа во последните 10 минути да го скршат отпорот на противникот и да ја намалат негативата, а тоа им успеа дури во финишот кога постигнаа неколку поени по ред за 85-103.

Најефикасен во победничката екипа беше Кофи со 20 поени, четири скокови и две асистенции, додека најдобар кај Студентски центар беше Џексон со 20 поени, два скока и пет асистенции.

Ова е дури 15. пораз за македонскиот тим во АБА-лигата и се наоѓа на последната позиција, додека пред него се Морнар со пет триумфи и 10 порази, како и Борац со четири победи и 13 порази.