Не оди во Евролигата, ама оди против Борац: Партизан го смрзна матичниот клуб на Обрадовиќ на -45

По серијата лоши резултати и четирите порази на претходните пет натпревари, Партизан му се истури на Борац Чачак и ја оствари најубедливата победа оваа сезона.

„Црно-белите“ славеа со 101-56 против клубот каде што Жељко Обрадовиќ ја почна својата играчка кариера. Убедливиот триумф ќе им послужи за кревање на самодовербата пред многу поважните натпревари во Евролигата каде им претстои дуел против Панатинаикос, а во кој Партизан би требало да биде посилен за повратниците Кевин Пантер и Алекса Аврамовиќ.

Денешниот натпревар беше рамноправен само во првата четвртина која Партизан ја доби со 24-16, но само поради серијата во финишот од неа. Вториот и третиот квартал, домаќинот ги доби со вкупен резултат 62-27, па последните десет минути останаа само како формалност.

Победата против Борац не ја промени позицијата на Партизан на табелата во АБА лигата каде останува на четвртото место со две победи помалку од лидерот Црвена Звезда.