Навивачите на Партизан со топовски удари ги пречекаа црвено-белите во „Пионир“ (ВИДЕО)
Популарните „Гробари“ фрлија две најсилни петарди односно т.н. топовски удари кон играчите на противникот во моментот кога тие првпат истрчаа на паркетот во салата „Пионир“. Во исто време, кон избраниците на тренерот Дејан Радоњиќ полетаа многу тврди предмети, но за среќа не настрада ниту еден од неговите кошаркари.
Ц. Звезда води 2-0 во серијата што се игра до три победи, а на полувреме од вечерашната пресметка води Партизан со 39-31.