Јокиќ лумпуваше во белградска кафеана – на цел глас пееше „Проклета е Америка!“ (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, ги искористи слободните моменти меѓу тренинзите со репрезентацијата на Србија за да се опушти во белградска кафеана, а снимките од вечерта брзо станаа хит на социјалните мрежи.

Српскиот ас, кој со националниот тим се подготвува за квалификациските натпревари за против Швајцарија и Босна и Херцеговина за пласман на Светското првенство, заедно со соиграчите уживаше во настапот на пејачот Урош Живковиќ. Според српските медиуми, Јокиќ во текот на целата вечер не ја симнувал насмевката од лицето, а посебно бил расположен кога Живковиќ ја запеал песната „Проклета е Америка“.

Во еден момент, центарот на Денвер и трикратен МВП на НБА-лигата стана и го прегрна пејачот, со што јасно покажа колку ужива во атмосферата. Избраниците на Душан Алимпијевиќ на овој начин направија кратка пауза од напорните подготовки и дополнително ја зацврстија тимската атмосфера пред двата исклучително важни натпревари.

Видеото може да го погледнете ТУКА.