„Игравме како го*на против Италија, со ваков став ќе исчезнеме за пет години“

Србија беше голем фаворит во мечот против Италија, но доживеа шок среде Белград и остана без пласман на Олимписките игри во Токио.

Италија славеше во Белград со 102-95, а „аѕурите“ во вториот дел имаа и повеќе од 20 поени предност против српските кошаркари.

Немања Бјелица по натпреварот не го криеше разочарувањето кое го доживеа и беше остар во својата изјава.

„Игравме како го*на, а ако кажам дека се обидовме да славиме... Тоа е исто како да кажам требаше да земеме олимписка виза за Токио. Со ваков став не може да играме кошарка. Нашето однесување мора да се поправи и треба да научиме нешто. Можам да зборувам со часови, но не вреди. Луѓе, за пет години ќе исчезнеме ако нешто не се промени наскоро“, вели Бјелица.