Хрватска загуби од Нов Зеланд и му донесе голема главоболка на – Лука Дончиќ!

Репрезентацијата на Хрватска се пласира во полуфиналето на предолимпискиот турнир во Атина и покрај тоа што денеска неочекувано загуби од Нов Зеланд (86-90), благодарение на убедливата победа на синоќешната дерби-пресметка со Словенија (108-92).

„Коцкестите“ по двата меча имаат скор 1-1 и кош-разлика од плус 12, што им носи пласман на едно од првите две места во групата од овие три селекции без разлика на исходот на утрешниот дуел помеѓу словенските и новозеландските кошаркари. Овој пораз, пак, на Хрватите донесе главоболка во словенечката репрезентација, чија задача за продолжување на шансите за место на ЛОИ во Париз стана далеку посложена. Лука Дончиќ и соиграчите сега не само што мораат да го победат Нов Зеланд туку тоа треба да го направат со најмалку десет поени разлика, секако ако сакаат да се најдат во полуфиналето во групата во Атина.

Хрватска три и пол четвртини играше на ниво од вчерашниот натпревар против соседот, но потоа кошаркарите на оваа репрезентација како да заборавија да поентираат, што противникот го искористи, па со серија 11-0 да дојде до посакуваниот триумф. Ветеранот Кори Вебстер со 21 поен беше најпрецизен кај Новозеланѓаните, додека Ивица Зубац со 29 поени и 16 скока беше убедливо најдобар кај „коцкестите“.

Во втората група на квалификацискиот турнир во Атина настапуваат Грција, Египет и Доминиканска република.