
Хаос во АБА: Кошаркари на Крка (ќе) се степаа – помеѓу себе (ВИДЕО)
Домаќинот во поголемиот дел од средбата водеше со двоцифрена разлика, а во еден момент и со плус 17, но словенечкиот тим не се предаде и успеаја да го доведат натпреварот во неизвесна завршница. Но, тоа зачудувачки донесе нервоза во нивните редови, која кулминира со пресметка помеѓу Јури Мацура и Марко Радовановиќ, во која имаше туркање па и обид за удирање. Тренерот Гашперн Окорн и останатите веднаш реагираа и ги раздвоија двајцата кошаркари, но составот од Ново Место не продолжи со истото темпо и не направи резултатски пресврт.
Крка во моментов е претпоследна на табелата во регионалното натпреварување, за која единствено е само Морнар со скор 1-8 во пресрет на гостувањето кај Игокеа.