Голема трагедија: Загина репрезентативец на Косово, уште двајца се тешко повредени!

Утринава се случила сообраќајна несреќа, во која настрада кошаркарот на Косово, Гаменд Синани, а уште двајца репрезентативци биле повредени.

Веста за смртта на Синани беше соопштена од Кошаркарската федерација на Косово на нивниот веб-сајт.

Синан почина на 27 години, а во несреќата биле повредени и други кошаркари на Косово. Гранит и Фисник Ругова, кој има сериозни повреди и е во животна опасност.

„Кошаркарската федерација на Косово жали поради загубата на Синани и им посакуваме побрзо оздравување на неговите соиграчи“, пишува во соопштението.