ФИБА жестоко ја казни најубавата бугарска кошаркарка за – местење средби!
Станува збор за поранешната бугарска репрезентативка, Теодора Данева, која од ФИБА доби суспензија со важност до крајот на 2026 година поради загрозување на интегритетот на кошаркарскиот спорт. Динева освен по својот квалитет е позната и по својата убавина, со оглед што со години наназад го носи епитетот една од најубавите спортистки кај нашиот источен сосед. Засега нема детали што конкретно направила, но со оглед на веќе изречената суспензија јасно е дека ФИБА имала силни докази за тоа.
Ова е уште еден показател дека Светската кошаркарска федерација (ФИБА) е решена да ги исфрли сите што го уништуваат кошаркарскиот спорт со дилови со разни обложувачки мафии. Бугарија е петта земја на мапата, а наскоро се очекува случни казни да има и во македонската кошарка, каде што веќе извесно време се водат истраги поради сомнение за многу средби на кои дел од играчите наместо за тимот играле за нешто друго што го руши имиџот на кошарката.