Eвролигата со нови казни за Звезда и Партизан, ќе се затвори и дел од арената
Партизан како домаќин доби поголема парична казна, но освен тоа дел од арената ќе биде затворен за наредниот натпревар.
„Партизан е казнет со парична казна во износ од 50.000 евра, а следниот натпревар ќе го игра со ограничен капацитет од 80% од салата, вклучивајќи и затворање одредени сектори. Причина е однесувањето на навивачите и инцидентите кои ги направија во текот на натпреварот“, стои во соопштението.
Звезда исто така е казнета поради однесувањето на навивачите.
„Црвена Звезда е казнета со 20.000 евра поради инцидентите кои ги предизвикаа навивачите“, соопштија од Евролигата.