Евролигата донесе одлука за судбината на шампионот на АБА!

Регионалната АБА лига и следната сезона сигурно ќе има претставник во Евролигата, откако, како што пренесува „Јурохупс“, шампионот во ова натпреварување ќе добие специјална вајлд-карта.

Изминативе неколку години се доведуваше под знак прашалник настапот на тим од јадранското друштво во европска елита, пред сѐ поради желбата на Евролига да се сврти кон далеку помоќните пазари како Франција, Германија и Велика Британија. Во моментов ниту една европска лига нема директен пристап кон најквалитетното клупско натпреварување на Стариот континент, туку сѐ функционира со лиценци, поради што се шпекулираше дека АБА дефинитивно ќе биде ставена на „црна листа“.

Покрај ова, досега се говореше дека во Евролигата би одел еден тим од АБА, но тоа не мора да биде шампионот, но последните пишувања на „Јурохупс“, сепак, во ова натпреварување би се нашол најквалитетниот тим во регионот.