Две евролигашки екипи ќе гостуваат во „Јане Сандански“ следната сезона!

На денешниот состанок на Бордот на Евролига се потврдија информациите што со денови се лиферуваа во регионот, а тоа е дека Партизан ќе добие специјална покана за настап во ова натпреварување, заедно со шпанска Валенсија за која настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

За црно-белите ова ќе биде прва сезона во најсилното клупско европско натпреварување по пауза од осум години, што истовремено значи дека МЗТ Скопје следната сезона ќе нагости две евролигашки екипи во повратничката сезона во АБА-лигата, заедно со регионалниот шампион Црвена Звезда.

Димитријевиќ, пак, ќе биде првиот македонски кошаркар по Перо Антиќ пред пет години што ќе игра во друштвото на најдобрите.