Драма во Белград: Судиите не сакаа да се вратат на терен поради навреди од фановите на Партизан!

Почетокот на второто полувреме од мечот меѓу Партизан и Будуќност во АБА лигата доцнеше бидејќи судиската тројка не сакаше да се врати на терен.

Судиите не сакаа да се вратат по 15. минутниот одмар бидејќи некои навивачи на Партизан ги навредувале.

Почетокот на второто полувреме доцнеше неколку минути, а судиите добија свирежи кога конечно решија да се вратат.

Тие на теренот влегоа од вториот тунел, а мечот продолжи кога страстите се смирија. 

На крајот натпреварот го доби Партизан со 100-86 и се пласираше во финалето каде ќе игра против Црвена звезда.