Црвена Звезда го прегази Сплит на стартот на новата сезона во АБА

Црвена Звезда ја почна одбраната на титулата во АБА-лигата со убедлива победа од 97-61 против Сплит во рамки на 1.коло.

Белграѓани одиграа доминантно во текот на целиот натпревар, а само во првиот период немаа двоцифрена предност. Никола Ивановиќ со 20 поени најмногу се истакна кај белграѓани, Стефан Лазаревиќ имаше 13, а Маик Зирбес постигна 12 поени. Кај гостите од Хрватска, само еден кошаркар имаше двоцифрен ефект во нападот, а тоа беше Сани Шампара со 10 поени.

На првиот денешен натпревар Морнар загуби на домашен паркет од Цибона со 77-87.