Црвена Звезда е шампион на Србија!

Кошаркарите на Црвена Звезда ја освоија титулата во српскиот шампионат откако ја совладаа Мега во третиот меѓусебен меч со 77-65.

Црвена Звезда имаше водство на почетокот во првата четвртина, но потоа Мега ја презема контролата и избега на плус пет, а на крајот стигна до 24-21.

„Црвено-белите“ влегоа во ритам во продолжение од средбата и до полувреме го свртеа резултатот во нивна корист, па на паузата заминаа со осум поени разлика (44-36).

Водството на српскиот шампион растеше и до убедливи +17 (57-40), но потоа Мега влезе во серија и намали на седум негатива (50-57), но сепак немаше сила за пресврт, па така Ц. Звезда ја освои шампионската титула во Србија.

Најдобар во екипата на Ц. Звезда беше Хол со 24 поени и четири асистенции, додека на спротивната страна Петрушев постигна 15 поени, а имаше и шест скокови, како и една асистенција.