Црвена Звезда добила повик да биде дел од НБА Европа

Претседателот на Црвена Звезда, Жељко Дрчелиќ откри дека српскиот кошаркарски гигант добил повик од НБА Европа.

Новото натпреварување кое треба да ѝ парира на Евролигата ќе почне во 2027 година и засега многу детали не се познати во јавноста.

Дрчелиќ на настанот пред крајот на годината доби прашања од новинарите за потенцијалниот настап во НБА Европа.

„Ние се боревме силно за лиценца, разговаравме со луѓето од Евролигата. Можеме на долги патеки да планираме како ќе функционира клубот. Јас ја гледам екипата во Евролигата. Имавме повеќе повици од НБА Европа, но засега остануваме во Евролигата“, кажа Дрчелиќ.

Фото: КК Црвена Звезда/Facebook