Циркус: Босанците немаат селектор, а на играчите им се испратени покани за репрезентацијата
Адис Бечирагиќ поднесе оставка на почетокот од овој месец поради здравствени проблеми, негов наследник уште не е назначен, а за да се испочитува рокот н а ФИБА за објавување список најдоцна 30 дена пред следниот натпревар, поканети се кошаркари кои можеби нема да му бидат по мерак на новиот селектор. Репрезентацијата на БиХ ја очекуваат квалификации за Светското првенство во кои на почетокот, пред крајот на ноември, игра против европскиот вицешампион Турција и против Србија.
Кошаркарската федерација на БиХ одамна се соочува со големи проблеми, како финансиски, така и институционални. Неколку пати ситуацијата ја спасуваа големите кошаркарски ѕвезди од оваа земја, како Нуркиќ и Муса, но и тие двајца во повеќе наврати осто ја критикуваа работата на челниците.