Цибона во финансиски проблеми, МЗТ Скопје ќе ја замени во АБА лигата?

Поранешниот европски шампион Цибона повторно се наоѓа во финансиски проблеми поради што е доведен во прашање неговиот настап во АБА лигата.

За разлика од претходните случаи, сега не се гледа излез од кризата и ако повторно градот не се го спаси клубот, загрепскиот гигант може да остане без настап во АБА лигата. Тоа ќе биде една од главните теми на претстојната седница на оваа организација.

Ако ништо радикално не се смени, МЗТ Скопје ќе биде најсериозен кандидат да ја замени бидејќи беше најдобропласиран тим од несрпските во основниот дел од АБА 2 лигата минатата сезона. За вакво нешто се разговараше и лани кога во прашање беше доведен статусот на Морнар, но клубот од Бар тогаш преживеа и продолжи да се натпреварува.