Брутален старт во Белград: „Обид за убиство“ при забивање (ВИДЕО)

На натпреварот од 17. коло во АБА-лигата меѓу ФМП Белград и Борац Чачак се случи инцидент кој ги шокира присутните во салата.

Во последната четвртина од натпреварот, односно 33. минута Џошуа Скот го блокираше Петар Радовиќ при обидот за забивање, по што кошаркарот на Борац имаше тежок пад на врат и можеше да заврши фатално.

На социјалните мрежи ја објавија ситуацијата и ја опишаа како „обид за убиство“, а многумина сметаа дека стартот на противникот бил дивјачки.

@zumby_cap Pokusaj ***** na itakmici FMP-BORAC#viral_video#viral#fyppppppppppppppppppppppp#tiktok ♬ original sound - Lukenzii