„Бед Блу Бојс“ се истепаа со полицијата на меч на кошаркарите на Динамо Загреб!

Кошаркарите на Динамо Загреб, клуб кој постои само неколку години со името на прославениот фудбалски гигант, следната сезона ќе игра во хрватската елита, откако ја добија „мајсторката“ во бараж-пресметката со Боско, за време на која дошло до голем инцидент помеѓу навивачите и полицијата.

На трибините во салата на Цибона каде што се играл натпреварот се нашле голем број членови на „Бед Блу Бојс“, кои се степале со полицајците, кои биле присутно како обезбедување. Тепачката почнала внатре, а продолжила во уличките околу салата.

„По смирениот инцидент и прекинатото нарушување на јавниот ред и мир, натпреварот се доигра до крајот“, се вели во известувањето на полицијата од Загреб.

Според хрватските медиуми, девет навивачи биле приведени и ноќта ја минале во полициска станица.