Антиќ со поддршка за Кузмиќ: Издржи играчиште - цела Македонија е со тебе! (ФОТО)

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ, упати силна порака за поддршка до центарот на белградска Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ, кој вчера наутро имаше тешкаа сообраќајна несреќа и моментно е во индуцирана кома на клиника во Белград.

Кузмиќ има тешки повреди и неговата здравствена ситуација, како што објави белградскиот клуб, е тешка, но охрабрувачка и е под постојан надзор на лекарски тим.

Антиќ преку социјалните мрежи му упати поддршка на Кузмиќ да победи во најважната битка.

„Издржи играчиште, цела Македонија е со тебе!“, напиша Антиќ, кој е поранешен кошаркар на белградскиот гигант.