„Ако игра Јокиќ за Србија, не им се плашиме ниту на Американците“

Српскиот кошаркар Огњен Добриќ вели дека Србија има шанса да го освои златниот медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз, но само ако во тимот биде Никола Јокиќ.

Добриќ вели дека не им се плаши ниту на американските ѕвезди доколку за Србија заигра најголемата ѕвезда на Денвер нагетс.

„Се надевам дека Јокиќ ќе биде во тимот. Тоа зависи од повеќе фактори. Се надевам дека ќе биде во добра форма и тренерот ќе го повика во репрезентацијата. Би сакал и Америка да биде со своите најголеми ѕвезди за да се пресметаме. Ако игра Јокиќ за нас, јас не им се плашам“, вели Добриќ.