АБА ја прифати жалбата на Ц. Звезда - ќе се одигра ли мечот против Будуќност?

Управата на АБА-лигата им го врати одземениот бод на кошаркарите на Црвена Звезда и им ја намали паричната казна на белградскиот клуб, кој го пропушти мечот во Подгорица против Будуќност во 13. коло од регионалното натпреварување.

Звезда најпрво беше казнета со 20.000 евра, а мечот беше регистриран со 20-0 за Будуќност, по што клубот од Белград се жалеше на одлуката.

Жалбата беше прифатена, по што на Звезда ѝ беше вратен бодот, а казната беше намалена на 15.001 евро, со што беа отфрлени и трошоците за организација на натпреварот, судиите и делегатите.

Обврската Црвена Звезда да ги плати трошоците за организацијата, судиите и делегатите на мечот од 13. коло ќе важисамо доколку АБА-лигата не донесе одлука за нов термин за мечот.