Жоел Ембид се расплака како мало дете по поразот од Торонто (ВИДЕО)

Центарот на Филаделфија, Жоел Ембид драматично го поднесе поразот од Торонто во седмиот натпревар од полуфиналната серија на Источната конференција. 

Тој по натпреварот се расплака како мало дете уште на паркетот, а потоа и додека одеше кон соблекувалната. Центарот не успеа да го запре Каваи Ленард во последниот напад, кој всушност ги постигна победничките поени токму преку Камерунецот.

Сиксерс сезонава беа едни од главните конкуренти и за освојување на трофејот, бидејќи околу младите Ембид и Бен Симонс изградија силен ростер со засилувања како Џими Батлер и Тобајас Херис. Можеби Ембид ќе има повеќе среќа следната сезона.