За 90 секунди реши сè: Како Дончиќ во три потези ја суреди Минесота (ВИДЕО)

Словенечката тинејџерска сензација Лука Дончиќ едноставно е неверојатен и спектакуларен, па тоа го покажа и синоќа со нова маестрална партија во која во завршницата сам ѝ обезбеди победа на својата екипа Далас Мавериск.

Далас победи со 119-115, а Словенецот даде 11 поени во последната четвртина од кои седум во самата завршница, кога практично го реши мечот.

Прво имаше еден влез за два поени, па уште еден со забивање и на крај со фантастична тројка практично ја уби Минесота за да донесе триумф на крајот.