Втората ѕвезда на Денвер потпиша договор за 208 милиони долари

Денвер нагетс го продолжи договорот на уште еден од најдобрите кошаркари во своите редови, Џамал Мареј.

Втората ѕвезда во екипата потпиша четиригодишен договор со Денвер за вкупна сума од 208 милиони долари.

Договорот ќе почне да важи во 2025 година, а Мареј ќе има задача заедно со Никола Јокиќ да го врати шампионскиот прстен во Денвер.