Вестбрук и Харден со бокс се „загреваат“ за следната сезона во НБА (ВИДЕО)

НБА-ѕвездите Расел Вестбрук и Џејмс Харден од следната сезона ќе бидат соиграчи во Хјустон рокетс, а тие почнаа со подготовките пред новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.

Вестбрук и Харден тренираат заедно во теретана, а времето го поминуваат удирајќи со боксерски ракавици.

На таков начин сакаат да постигнат што е можно подобра физичка подготвеност пред стартот на новата сезона.