Вембанјама и Пол пронајдоа „дупка“ во правилата, но беа дисквалификувани (ВИДЕО)

Виктор Вембанјама и Крис Пол испишаа историја на ол-стар вкендот во Сан Франциско, но негативна.

Имено, тандемот од Сан Антонио беше дисквалифкуван од натпреварувањето во вештини бидејќи нивните шутеви кон кошот не беа исправни, а на крајот сите ги интересираше кој го смисли ваквиот план.

„Јас го смислив и не жалам поради тоа, мислам дека беше добар идеја“, изјави Вембанјама откако беше дисквалификуван.

Играчите во овој дел на ол-стар викендот се натпреваруваа во додавање, шутирање и дриблинзи, а сето тоа мораа да го одработат во одреден временски рок за да бидат побрзи од противникот.

Францускиот репрезентативец очигледно ги прочитал правилата и сфатил дека може да се заштеди време доколку топката само се фрла кон кошот без да се мести и да шутира.

И навистина заштедија. Нивното време беше далеку најдобро во првата рунда (47.9), но раководството на НБА дополнително ги дисквалификуваше.

„Го имавме најдоброто време, бројките зборуваат за нас“, истакна Вембанјама.

На крајот победници беа Донован Мичел и Еван Мобли од Кливленд кои во финалето беа подобри од Мосес Моди и Драјмонд Грин од Голден Стејт.