Ужасна сцена: Кошаркар на Оклахома стравично падна на глава па беше изнесен на носилки! (ВИДЕО)

Екипата на Оклахома сити тандерс загуби во синоќешната пресметка на домашен терен со Минесота тимбервулфс (117-119), во меч кој ќе остана запаметен по тешкиот пад на домашниот кошаркар, Нерленс Ноел кон средината на третиот период.

Тој во обид да одбрани противнички напад силно тресна со главата на паркетот, по што остана неподвижен да лежи на паркетот. Лекарскиот тим итно интервенира, по што со носилки го изнесоа несреќниот Ноел.

Засега нема дополнителни информации за неговата здравствена состојба.