Уште една тешка повреда! Доскокна под обрачот и веќе знаеше: Готов сум! (ВИДЕО)

Тешката повреда на Гордон Хејворд ги згрози сите терајќи ги истовремено да сочувствуваат со играчот, но хоророт продолжи и синоќа, на дуелот Индијана - Бруклин.

Не беше експлицитно како она на Хејворд, но паѓањето на Џереми Лин сигурно исто така ќе го оттргне од терените. Бекот на Бруклин одеше на двочекор и кога доскокна лошо го свитка коленото. Гледаше во бунило и само рече „готов сум“. Тој пропушти и минатиот дел од сезоната поради операција, затоа јасно му е како изгледа кобна повреда.