Уште една легенда заминува во пензија: Калдерон ќе и каже збогум на кошарката

Шпанскиот кошаркар Хозе Калдерон размислува за крај на кариерата. Триесет и осум годишниот Шпанец сè уште нема понуди од НБА клубовите, а не е заинтересиран да се врати во Европа по 14 сезони во Соединетите Американски Држави, пренесува „Спортандо“.

Минатата сезона, Калдерон беше член на Детроит Пистонс. Ветеранот мина 49 натпревари, и стигна до просек од 2,3 поени, 1,2 скока и 2,3 асистенции.

Калдерон во НБА има настапувано и за Кливленд, Атланта, ЛА лејкерс, Њујорк, Далас и Торонто.