Уште двајца НБА-играчи имаат коронавирус – едниот чувствува „разни симптоми“

Двајца кошаркари на Бруклин дознаа дека се позитивина на коронавирус на еден месец пред продолжувањето на сезоната во НБА лигата. Станува збор за центарот Деандре Џордан и бекот Спенсер Динвиди.

Искусниот Џордан најави дека сигурно нема да оди на завршниот турнир во Орландо, иако до тогаш нема да има коронавирус.

Открив минатата ноќ, а денес потврдив дека имам позитивен тест на коронавирус откако се вратив на територијата на мојот пазар (Бруклин). Затоа, нема да бидам во Орландо во продолжението на сезоната, истакна Џордан.

Што се однесува до Динвиди, тој сака да игра, но е загрижен затоа што има одредени симптоми.

Да бидам јасен, јас не се откажав од играњето и сакам да го сторам тоа. За жал, јас сум еден од оние случаи со различни симптоми, вели Динвиди.

Инаку, доколку игра, Динвиди сака да ја искористи можноста да го смени презимето на својот дрес на „трилион“ (на македонски милијарда), што заедно со бројот 26 ќе го истакне јавниот долг на САД.