Урнебесно: Марјановиќ ги учеше Американците да зборуваат на - српски јазик (ВИДЕО)

Далас маверикс на нивниот официјален профил на Твитер објавија видео на кое Бобан Марјановиќ ги учи соиграчите да изговараат зборови на српски јазик.

Станува збор за неколку зборови, меѓу кои јајца, коњ, пенкало и бакнеж. На Сет Кари, Двајт Пауел и Кортни Ли им беше тешко да ги изговорат, а уште посмешно делуваше кога Боби им објасни што значат зборовите.