Уапсен синот на Мајкл Џордан: Возел пијан и поседувал кокаин

Maркус Џордан, синот на легендарниот Мајкл Џордан бил уапсен вчера на Флорида поради поседување на кокаин и возење во алкохолизирана состојба, пренесуваат медиумите во САД.

Не е првпат Маркус да има проблеми со законот, а минатата година беше фотографиран како конзумира бел прав во текот на одморот на југот на Франција.

Претходно беше во врска со рејалити ѕвездата Ларс Пипен, поранешната сопруга на Скот Пипен кој беше соиграч со Мајкл Џордан.

Наводно нивната врска завршила токму поради проблематичното однесување на Маркус.