Дејвис се збогува со Лејкерс: Лос Анџелес засекогаш ќе биде мој дом!

Американскиот кошаркар Ентони Дејвис го напушти Лос Анџелес Лејкерс и се пресели во Далас маверикс во трејдот меѓу екипите во кои беше вклучен Лука Дончиќ.

Дејвис се збогува со Лејкерс преку социјалните мрежи и кажа дека Лос Анџелес засекогаш ќе биде негов дом.

„Пред шест години дојдов со желба да го освоиме шампионскиот прстен и тој момент нема да го заборавам. Благодарен сум на сите. Благодарен сум на градот каде го освоив мојот прв прстен, во кој порасна моето семејство и се создадоа пријателства. Ова засекогаш ќе биде мој дом“, кажа Дејвис.