Пелистер ги дозна противниците во младинската Лига на шампиони
Денеска беа извлечени групите кои ќе се играат по систем сличен на оној по кој се игра Купот на Македонија.
Пелистер се падна во групата 4 во која се уште и Киелце, Висла Плоцк и Динамо Букурешт.
Во полуфиналето Пелистер игра против Киелце, а во другото полуфинале Висла Плоцк и Динамо Букурешт.
Победникот во групата, заедно со победниците во трите преостанати групи ќе игра на завршниот фајнл-фор турнир во младинска конкуренција кој се игра во Келн.
Натпреварите од групата 4 каде што е Пелистер ќе се играат во Букурешт, од 17 до 19 април 2025.
Во младинската Лига на шампиони учествуваат играчи до 18 години.
Младинска ЛШ:
Група 1 (организатор Веспрем):
Загреб
ПИК Сегед
Веспрем
Војводина
Полуфинале:
Веспрем - Војводија
ПИК Сегед - Загреб
Група 2 (организатор Барселона):
Барселона
ПСЖ
Нант
Спортинг Лисабон
Полуфинале:
Барселона - Нант
ПСЖ - Спортинг
Група 3 (организатор Фуксе Берлин):
Фуксе Берлин
Магдебург
ГОГ Гудме
Савехоф
Полуфинале:
Фуксе Берлин - Савехоф
Магдебург - ГОГ Гудме
Група 4 (организатор Динамо Букурешт):
Пелистер
Динамо Букурешт
Киелце
Висла Плоцк
Полуфинале:
Киелце - Пелистер
Висла Плоцк - Динамо Букурешт