Манчестер сити нема да може да ги пријави сите засилувања во Лигата на шампионите
Избраниците на Пеп Гвардиола со многу проблеми ја поминаа нокаут фазата во Лигата на шампионите, а ниту во Премиер лигата не им оди најдобро, па пласманот во елитното натпреварување следната сезона им е под знак прашалник.
Во таква ситуација раководството доведе четири засилувања во јануари. Пристигнаа: Витор Реис, Омар Мармуш, Нико Гонзалес и Абдукодир Хусанов, а за нив потрошија 212 милиони евра.
🔴 𝗠𝗔𝗡𝗖𝗛𝗘𝗦𝗧𝗘𝗥 𝗖𝗜𝗧𝗬 𝗔𝗨𝗥𝗔 𝗗𝗘𝗣𝗘𝗡𝗦𝗘́ 𝟮𝟭𝟮𝗠€ 𝗦𝗨𝗥 𝗖𝗘 𝗠𝗘𝗥𝗖𝗔𝗧𝗢 𝗛𝗜𝗩𝗘𝗥𝗡𝗔𝗟 🤑🤯
— Vibes Foot (@VibesFoot) February 3, 2025
🇪🇬 Omar Marmoush : 75M€
🇪🇸 Nico Gonzalez : 60M€ (⏳)
🇺🇿 Abdukodir Khusanov : 40M€
🇧🇷 Vitor Reis : 37M€ pic.twitter.com/5kncHHYsVF
Но, еден од нив нема да може да биде регистриран во Лигата на шампионите. Причината е малку познатото правило според кое една екипа може да регистрира тројца нови фудбалери помеѓу лигашкиот дел и нокаут фазата.
Исто така правилото останува на сила без оглед на што Кајл Вокер си замина и потпиша за Милан. Во плеј-офот за место во осминафиналето, Манчестер сити го чека двомеч со Реал Мадрид.