„Сакам Дончиќ во првиот натпревар против Далас да постигне 100 поени“

Tрејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс и понатаму е една од темите во кошаркарската јавноста.

Она што посебно сега се чека е натпреварот помеѓу Далас и Лејкерс кој на програмата е на 26 февруари и ќе се игра во Лос Анџелес. Тогаш Дончиќ за првпат ќе се соочи против своите поранешни соиграчи.

Интересен коментар за ситуацијата помеѓу Дончиќ и Далас имаше поранешниот НБА кошаркар, а сега член на управниот одбор на Партизан, Саша Павловиќ.

„Разговарав со Вучевиќ и тој е шокиран, како и цела НБА лига. Искрено се надевам дека Лука во првиот натпревар против Далас ќе постигне 100 поени и така ќе го покаже својот револт. Дончиќ е добро момче, го одведе Далас во финалето и сруши многу рекорди, покажа дека може да го води тимот до титула. Од она што го познавам лично и следејќи го како игра, може да биде исклучително опасен ако се заинати. Сигурно ќе го гледам тој натпревар помеѓу Лејкерс и Далас“, изјави Павловиќ.

Ќе потсетиме, Далас се одлучи да се откаже од Дончиќ најмногу поради неговата физичка форма и вишокот килограми за еден НБА кошаркар.