Американците го уапсија постариот брат на Никола Јокиќ!

Страхиња Јокиќ, постариот брат на најдобриот светски кошаркар во моментов Никола Јокиќ, е уапсен во САД под сомнение за насилство од трет степен на мечот меѓу Денвер и Лос Анџелес Лејкерс кој се одигра во април оваа година.

Тој во вторникот се појавил во судот во Денвер. Полицијата од Денвер првпат дознала за тепачката од видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, а од кое се гледа како браќата на Никола Јокиќ се расправаат со одредени луѓе. Во еден момент Страхиња удира човек по лицето.

Детектив од Денвер го интервјуирал навивачот кој бил нападнат од страна на Јокиќ. Тој имал модрица и исекотина под левото око. Оштетениот навивач на полицијата ѝ рекол дека без причина бил нападнат од братот на Никола Јокиќ. Полицијата според тетоважата на вратот утврдила дека се работи за Страхиња Јокиќ.

На човекот подоцна му било дијагностицирано и потрес на мозокот. Тој прво не сакал да покрене обвинение против Страхиња Јокиќ бидејќи бил исплашен за безбедноста на своето семејство, но на почетокот од мај се предомислил.

Кога полицијата го контактирала Страхиња Јокиќ, тој им рекол дека смета дека ништо лошо не направил бидејќи само бранел постар човек кој бил пред него кого долго време го познава.