Тројца ранети во пукотница по мечот помеѓу Милвоки и Бостон!

Три лица се ранети по пукотница со огнено оружје, која се случила во населната Дир во Милвоки и тоа по натпреварот од НБА-лигата помеѓу Милвоки Бакс и Бостон селтикс, соопштија локалните власти.

Службите од овој град соопштија дека возилата на итна помош префрлиле две лица во болница и тоа 30-годишен маж како и тинејџер (16), додека трето лице само дошло за да му биде укажана лекарска помош.

Ниту еден од повредените нема повреда опасна по живот, а не се наведува дали пукањето има некаква директна врска со кошаркарската средба, во која „келтите“ неочекувано го совладаа шампионот и се изборија за „мајсторка“ во Бостон.