Торонто по две продолженија го урна Милвоки

Вистинска драма беше забележана во третиот меч од финалето во Источната конференција во НБА-лигата, кадешто Торонто репторс славеше со 118-112 против Милвоки бакс по две продолженија.

Торонто на самиот старт отвори подобро, па водеше со 13-15, а првата четвртина ја завршија со 30-21 во своја корист. Репторс го одржуваше водството и во текот на втората четвртина, на на полувреме заминаа со 58-51.

Сепак, Милвоки додаде гас во второто почлувреме, па успеа да се врати во игра. Репторс на седум секунди до крајот имаа шанса да победат бидејќи имаа предност од 96-94, но Паскал промаши две слободни фрлања, а Милвоки во следниот напад израмни и обезбеди продолжение.

Ниту во првото продолжение немаше победник, иако Репторс имаа шанса да победат, но шутот на Кави Ленард беше прекраток.

Сепак, Ленард во второто продолжение доминираше, па им ја донесе победата на Репторс. Средбата ја заврши со 36 поени и девет скокови, додека кај Милвоки најдобар беше Џорџ Хил со 24 поени.